Human in space - 57 years later, triumph for who?

Map Unavailable

Date/Time
Date(s) - Thu, Apr 12 2018
8:00 pm - 11:00 pm CET

Add this Yuri's Night to my:
Google Calendar
Other Calendar

Event Website: https://www.facebook.com/events/1668571486572750/

Location
Socijalen Centar Dunja
ul. Rajko Zinzifov br 22
Skopje
1000

Дискусија // Изложба // Забава

На 12 април пред 57 години, Јуриј Гагарин, стана првиот човек кој барем накратко ја напушти нашата планета. Летот на ракетата Восток 1, го отвори човечкото присуство во Вселената. Осум години потоа, човекот веќе стигна и до Месечината. По подолг период во кој човечкото присуство во Вселената беше сведено само на орбитални станици, пред се Меѓународната Вселенска Станица, неодамнешните настани, особено пробниот лет на SpaceX повторно ја разбудија имагинацијата на луѓето. Летот на Falcon Heavy доби широк публицитет, но и голем прием кај луѓето кои со нетрпение го чекаат враќањето на човекот во Вселената, но конечно подалеку од Земјината орбита.

Ве покануваме на отворена дискусија во која вовед ќе дадат Кристијан Шишковски од Астрономски центар Орион и Васко Цацаноски од Социјален центар Дуња. Ќе се обидеме да отвориме многу перспективи на човечкото присуство во Вселената. Не само оние кои се доминантно присутни во медиумите, воедно и еднострани и „романтизирани“, туку и: техничкиот развој на вселенските летови, сегашните и идните проблеми на човечките вселенски летови и престој на други небесни објекти, но ќе се обидеме да ги опфатиме и историските и социо-економските релации во кои овие настани се случувале порано и денес и каков пат ни трасираат во иднина.

Истовремено ќе можете да видите дел од постерите изработени од Zoran Cardula инспирирани од летот на Јуриј Гагарин.

По дискусијата ве покануваме на забава со „Вселенска музика“.

Овој настан е дел од светската мрежа настани Yuri’s Night, чија цел е светско одбележување на човечкото присуство во вселената во минатото, сегашноста и иднината.